еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

Во хотелите во Сиде, ќе се чувствувате како дома

Известувач од Анталија, за еМагазин.мк, Силвана Жежова

По Белек, следната дестинација на инфо-турата на Фубула беше Сиде. Во Terrace Elite, Terrace Beach и Lago бевме на поминување, во Side Royal Hotels имавме специјална вечера, во TUI blue Akra Sorgun останавме две вечери.

Заедничко за сите овие хотели е што кога ќе влезете во секој од нив, се чувствувате како дома. Во секој од нив имавме топло добредојде, бидејќи менаџерите се потрудиле да приредат по некое пријатно изненадување. Пречек кој предизвикува чувство, како само вас да ве чекале. Едноставно, сакаат да им удоволат на гостите, тие тоа го чувствуваат и затоа се верни клиенти. Оттука, хотелите во Сиде се и едни од најбараните во понудата на Фибула.

Она што е најважно да се напомене е што во Сиде се наоѓаат најубавите песочни плажи, поради што е и една од најбараните дестинации за одмор во Турција.

Terrace Elitе Resort

За овој хотел, нашиот водич Фатмир ќе рече „ова е домаќинска куќа“. И навистина кога влеговме, се почувствувавме како дома. Ентериетрот на хотелот е топол, собите пријатни и удобни, со постојани забави и анимации на базените во рамките на хотелот. Хотелот има приватна песочна плажа која е на 600 метри и до која има бесплатен шатл превоз. Услужлив пероснал, во секој дел од денот.

Terrace Beach Resort

Уште еден хотел од фамилијата Terrace, кој што ја има најубавата песочна плажа во Сиде. Плажата е широка и пространа, поради што е атрактивна за семејства со мали деца. Хотелот е реновиран пред неколку години и нуди бројни содржини за гостите. Во главната зграда има 270 соби, кои се уредени за сечиј вкус, и секому според потребите.

Lago

Модерен хотел, кој што лани е целосно реновиран. Амбиентот е исклучително пријатен, боите на ентериерот топли и складни. Во надворешниот дел има пространи базени, со шанкови во базен, а едниот од нив има боја „ала Малдиви“. Хотелот има сопствена плажа, на кои има бројни забавни активности. Некои од собите имаат и свој приватен базен.

Side Royal Style

Овој хотел, гостите го чувствуваат како нивен втор дом, бидејќи некои од нив се враќаат по десетици пати. Најголем дел од гостите се од Германија, а некои од нив, според информациите на менаџментот остануваат и по два до три месеци, и надвор од летната сезона. Малите куполи и снежно белата фасада, на хотелот му даваат изглед на замок. Интериерот е совршен микс на ретро со модерен дизајн, а не може, да не ви остават впечаток деталите, кои на целиот простор му даваат топлина. Она што треба да се истакне е дека, во рамките на хотелот работи и австрискиот бренд Coffeeshop Company, кој освен одлично кафе нуди и колачи.

Akra Sorgun TUI Blue

Сите хотели имаат одлична храна, но за Akra Sorgun TUI Blue тоа треба посебно да се потенцира. Хотелот има сопствена песочна плажа, тениски терени, надворешни базени, À la Carte ресторани: Saftan, Ocean и Olive. Последниот збор на смарт технологијата вградена во собите, престојот во овој хотел го прави исклучително пријатен, освен додека не сфатите каде се пали и гаси светлото.

Следна дестинација е Кемер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кемер се одликува со хотели со многу зеленило, и погледи кон море и врвови на планини

(Галерија) Изборот на хотели во Белек за секого: Од задоволување на вкусот на Џенифер Лопез, до оној на просечно македонско семејство

(Фото) На одмор во Анталија, не го пропуштајте рафтингот во кањонот Копрулу

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хрватска, Србија и Словенија одат во финалето на Евровизија

Редакција

(Аудио) „Вице даде зелено светло да запалам коли“: Нова „бомба“

Редакција

Тројца починати мажи во Скопје пронајдени на различни локации

Редакција