еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ-ОА треба да се откаже од името за да добие томос од Цариградската патријаршија, открива г.г Стефан

За да Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) добие томос од Вселенската патријаршија, треба да се откаже од името – Македонска православна црква, да ја отстапи македонската дијаспора и да ја признае украинската црква, открива Архиепискот охридски и македонски г.г Стефан за штипската телевизија ТВ Стар.

„Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград“, вели тој.

Според него тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани овие услови, особено тие поврзани со името и со дијаспората.

„Името ние си го имаме, тоа име е наше, на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија, затоа се соджаи и двете имиња во името на нашата црква.

Дијаспората кога ќе превземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но, тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија“, вели г.г. Стефан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија

Редакција

Мажите во земјава се побројни за 3.000 од жените

Редакција

Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ, тврди Османи

Редакција