еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Хрватскиот професор Калоѓера јавно бара македонско државјанство за него и сопругата

Хрватскиот проф. д-р Горан Калоѓера, истакнат македонист, кој објавил дури 30 книги за Македонија, а ги основал и македонските студии во Риека, Хрватска, јавно на Фејсбук за себе и неговата сопруга, која е унверзитетски професор, побара да добијат македонско државјанство.

„…Барам мислење од македонскиот народ, а не од владејачките структури, е следново: Барам за мене и за жена ми македонско државјанство. За мнозина можеби ова е глупаво, но за мене е многу важно.

Јас сум македонист од 1980 година, основач на македонски студии во Риека, надворешен член на Друштвото на писатели на Македонија, почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, основач на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, proffesor emeritus на Универзитетот во Риека.

Објавив 41 книга, од кои 30 се поврзани со Македонија. Јас сум основач на симпозиумите за хрватско-македонски лингвистички, литературни и културни врски, кои произведоа пет симпозиуми и исто толку зборници.

За сето тоа имав поддршка од мојата сопруга, која е редовен професор по американистика на Филозофскиот факултет во Риека, која одржа голем број предавања и објави неколку статии за врските на Македонците и нејзината дијаспора во светот.

Човек си ги знае границите. Моите се при крај и како ако не добијам државјанство да го заокружам мојот научен циклус за македонистиката? Со македонскиот народ сум бил од 1980 до денес. Во добро и во лошо. Сакам да го заокружам овој циклус со добивање државјанство (за мене и за сопругата).

Сега му се обраќам на македонскиот народ, ако ме поддржувате, кренете палец горе, ако не палец долу. Во зависност од вашите реакции, ќе ги направам следните чекори.

И на крај морам малку да бидам злобен, во овие 40 години и повеќе, многу македонски пријатели ми кажаа дека тоа требаше одамна да се случи, без јас да барам. А сега јас барам. Ајде да видиме како дише народот, а како тие што сега се на власт“, напиша професорот.

Фото: Фејсбук/Калоѓера

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пребројани 400.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка, разликата се стеснува

Редакција

When In Krusevo – синоним за хуманост и летна адреналинска авантура

Редакција

Арменд Арслани e нов заменик-министер за здравство: Што пишува во неговата биографија?

Редакција