еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски ги поднесе предлог-измените: Кои министерства ќе се реорганизираат, а кои ќе бидат нови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Христијан Мицкоски денеска поднесе законски измени со кои се формираат нови министерства, дел се реорганизираат, а дел преземаат надлежности од веќе постоечки.

„Имено со овој нов закон кој веќе е доставен до архивата, се предвидува да бидат формирани или реорганизирани определен број на министерства во рамките на самата влада и тоа ќе започнам со Министерството за економија и труд кое практично ќе биде министерство кое ќе ги опфаќа дел од ингеренциите на старото министерство за економија, а на тоа министерство ќе му биде додаде сегментот труд за да можат работодавачите и работниците да бидат во едно место и на тоа место заедно да ги реализираат своите права, дијалог и така натаму.

Така што министерството за социјална политика и труд кое беше досега, ќе биде сега министерство за социјална политика, демографија и млади.

Агенцијата за млади и спорт која постоеше досега нема да постои и ќе имаме посебно министерство за спорт.

Исто така дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на новото формирано министерство, а тоа е министерство за енергетика, рударство и минерални суровини,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека дел од ингеренциите кои што ги имаше министерството за економија посебно во делот на туризмот ќе бидат сега присоединети до новото министерство, министерството за култура и туризам.

„Ќе имаме ново министерство кое што ќе има задача да спроведе еден многу важен проект кој што ќе ја зголеми транспарентноста, владеењето на правото ќе ја намали основаното сомневање за корупција во рамките на администрацијата, тоа е новоформираното министерство за дигитализација кое што во суштина ќе ги наследи обврските кој што ги имаше досегашното министерство за информатичка технологија и администрација.

Ќе имаме исто така ново министерство, тоа е министерството за администрација, така што мислам дека со една ваква реорганизација ќе добиеме една ефикасност ќе добиеме осовременување на самата влада и ќе добиеме пред се она кое што го ветувавме за време на кампањата, а тоа е да го подобриме животот и стандардот на сите граѓани во Македонија без разлика на нивната политичка и партиска припадност,“ додаде Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски на унгарски јазик се збогува од Собранието

Редакција

Телекабел стана сопственик на кабелскиот оператор Инфел од Охрид

Редакција

Апелација ја отфрли жалбата, Спиро Ристовски останува во притвор

Редакција