еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил судијата Александар Камбовски, кој е избран за член на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски од Апелациониот суд Битола е новиот член на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

За него гласаа 28 судии.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Апелациониот суд во Битола.

Каков имот пријавил

На свое име од имот, заедно со сестра му има деловен простор во Битола.

Вози Фолксфаген голф.

На име на сопругата пријавил стан, од наследство за кој не навел каде е, како и две парцели, за кои исто така не дал податок каде се.

На име на родителите пријавил куќа и две деловни простори во Битола, како и земјиште во Породин и Велушина.

Пријавил и три кредити, од кои два според податоците кои ги дал треба да се вратени. Третиот од 1 милион денари, кој е на негово име, треба да го врати до 2026 година.

На свое име пријавил и благородни метали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Исамедин Лимани, кој е избран за член на Судскиот совет

Каков имот пријавил судијата Исамедин Лимани, кој е избран за член на Судскиот совет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема јавни податоци за фирмата која ја презема „Тор индустрис„ на внукот на Ахмети, Дрин

Редакција

Свети Наум, Свети Климент и цар Самуил ќе ги славиме заедно со Бугарите

Редакција

Нови 109 заразени од Ковид-19 од 1.486 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција