еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каде сѐ освен во скопска Гази Баба ќе има маркет на Лидл

И официјално Лидл Северна Македонија ќе има маркет и во Скопје. Станува збор за објектот на Скопски пазар во кој работеше Бриколаж, во скопската општина Гази Баба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар му продаде имот на Лидл во скопска Гази Баба

За оваа локација се шпекулираше подолго време, а сега Лидл го купи објектот од Скопски пазар за 9,5 милиони евра.

Во 2021 година кога за прват беше најавена инвестицијата на германската компанија, тогашниот премиер Зоран Заев, најави дека во Скопје ќе има неколку маркети, како и во други седум градови.

Како друга можна локација за маркет во Скопје беше споменета и скопската општина Кисела Вода, од каде потврдија дека Општината разговарала за таа можност со менаџментот на Лидл. Но, за таа локација нема нови информации.

Засега кога е во прашање Скопје, нема други официјални или неофицијални информации за други локации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО Лидл купи парцели и во Тетово и Кичево

Лидл во Битола, Куманово и Кавадарци

Летово треба да биде завршен маркетот на Лидл во Битола, кој почна да се гради пред околу една година.

Истиот е на локацијата Дулие на самиот влез во Битола од страната на Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе го отвори ли “Лидл“ првиот маркет во Битола?

Во јануари годинава пак Лидл во Куманово почна да го гради логистичко-дистрибутивниот центар, кој ќе биде регионален и тоа е најголемата инвестиција на компанијата во Македонија, во вредност од 80 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Лидл почна со изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Куманово, ќе користи струја од обновливи извори, а отпадот ќе го рециклира

Лидл веќе купи и парцела за маркет и во Кавадарци. Таму истиот требаше да почне да се гради пролетва, но засега тоа не се случило. Локацијата таму е до повеќенаменскиот комплекс „Мала Америка“.

Како можни другови градови, неофицијално, се споменуваа и Охрид, Штип и Струмица, но засега за таму нема ништо официјално.

Кога ќе се отворат маркетите на Лидл?

Ако се земе во предвид стратегијата на влегувањето на Лидл на пазарите во Србија и Хрватска, маркетите на Лидл во Македонија би требало да се отворат следната или во 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто отварањето на маркетите на Лидл во Македонија ќе доцни?

Стратегијата на германската компанија е да отвара повеќе маркети истовремено.

Официјална информација од компанијата за тоа нема.

Треба да се спомне и дека Лидл во ист период влегува и на пазарите во Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Во Лидл во Македонија веќе работат над 100 лица

(Фото) Како изгледа канцеларијата на “Лидл“ во Скопје

Фото: Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден пешак од Кавадарци починал во Клиничкиот центар во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Дали победникот на Евровизија шмркаше кокаин во бекстејџ: „Манескин“ велат дека се подготвени да се тестират

Редакција

(Фото) По бројните скандали, Драги Рашковски поднесе оставка

Редакција