еМагазин
Image default
Бизнис

Осигурувањето носи раст на економијата, сигурност и финансика стабилност!

Осигурувањето е исклучително важен фактор за развој на економијата и општествените текови во нашата земја. Осигурување од финансиски загуби, авто осигурување, имотно, здравствено, патничко, животно осигурување, речиси секој сегмент од нашето живеење и делување е поврзано со некој тип на осигурување.

Замислете каков хаос би настанал ако немаме осигурување, и ако не можат да се заштитат компаниите и граѓаните од немили настани. Навидум, можеби и не сме толку свесни за значењето и потребата од осигурување, но ако малку подлабоко размислиме ќе видиме дека токму тоа носи сигурност во работата, во животот и ни овозможува мир и спокој.

На прашањето што овозможува осигурувањето, повеќето луѓе веројатно би рекле тоа обезбедува компензација за евентуални идни штети кои може да настанат поради непредвидливи фактори како што се природни катастрофи како земјотреси, бури, поплави, провални кражби итн, што може да доведе до повреда, загуба на имот, губење на заработка или други неочекувани трошоци.

Сето ова е вистина! Но, сепак придонесот на осигурувањето во економијата е многу поголем.  Во земјава работат 17 осигурителни компании, 15 од нив се странски инвестиции кои донесоа знаење, нови вработувања, и поттикнаа бројни дополнителни бенефити. Овие компании плаќаат даноци, исплаќаат отштети, поддржуваат бројни општествено одговорни проекти. Осигурувањето е во срцето на растот и напредокот на секоја модерна економија, сметаат економските експерти. Според нив придонесот на осигурителната индустрија во поттикнувањето економски раст може да се групира во три широки категории: обезбедување сигурност, економска и финансиска стабилност и развој.

Развој

Поттикнување инвестиции во инфраструктура. Осигурувањето овозможува да се реализираат градежни проекти и настани кои ја поттикнуваат економијата. Ниту еден голем капитален проект не може да се реализира без соодветно осигурително покритие, кое на инвеститорите ќе им гарантира сигурност во целиот период на реализација на инвестицијата .

Катализатори за иновации. Осигурувањето им овозможува на иноваторите да го преземат ризикот што е потребен за да се поттикне модернизацијата. Повеќе од 300 години – вклучително и при секоја индустриска револуција – осигурувањето е критична движечка сила, и затоа е важна за економиите во развој.

Кредитни олеснувачи. Осигурувањето е критично за процесот на задолжување.

Со соодветно осигурување, банките се во можност да го намалат ризикот од ненаплаќање на своите побарувања, за што истовремено овозможуваат на своите клиенти пониски каматни стапки и останати поволности по однос на одобрените заеми.

Истовремено, дополнителна придобивка на клиентите на банките е фактот дека при настанување на осигурен случај, наместо нивните најблиски, осигурителната компанија го исплаќа побарувањето кон соодветната банка.

Осигурувањето креира сигурност!

Менаџерите за осигурување, како резултат на своето искуство во фазата на советување за осигурителните продукти, како и при склучување на осигурителните договори, дополнително имаат превентивна улога кон населението, односно со дадените совети овозможуваат истите да бидат во можност да спречат настанување на немил случај, или пак намалување на самите штетни последици при настанување на еден осигурен настан.

Додека пак, доколку веќе настане осигурен случај, токму осигурителните проценители се меѓу првите лица кои заедно со службениците за итни случаи кои доаѓаат на лице место за да се направи увид за настаната штета, и со тоа им даваат сигурност на оштетените осигуреници.

Осигурителните компании обезбедуваат економска и финансиска стабилност

Го заштитуваат капиталот. Друштвата за осигурување не се подложни на краткорочни кризи на ликвидноста како што се другите компании кои даваат финансиски услуги. Фактот дека истите имаат соодветно реосигурување на своите обврски, претставува дополнителна гаранција за сигурноста од нивното работење.

Осигурувањето е инструмент на социјалната политика. Со договорите за осигурување се обезбедува надомест за повреди настанати на и надвор од работното место, надомест за обнова на имотот по настанување на поплави, пожари и слично, со што осигурувањето придонесува за гарантирање на егзистенцијата како на луѓето, така и на економијата во целина.

Го одржува синџирот на снабдување. Осигурувањето ја штити економската меѓузависност меѓу бизнисите преку осигурување на синџирите на снабдување, кои стануваат сè поранливи со посложени технолошки компоненти.

Капитални придобивки. Потрошувачите и бизнисите можат да купат осигурување за релативно мала премија, а во текот на работењето да вложат повеќе обртни средства во економијата, да произведуваат и трошат повеќе стоки и услуги за да имаат повисок стандард на живеење. Истовремено со осигурителната полиса се осигурани од штета, и доколку таа настане не мора одеднаш да издвојат огромни средства.

Најдобар пример за горенаведеното е токму осигурувањето на имотот, каде осигуреникот добива целосна заштита на својот дом во случај на настанување на пожар, поплава, кражба и истовремено осигурување на својата одговорност кон трети лица, и сето тоа за само 25 ден/м2 годишна премија, информира Дритон Азизи – Генералниот Директор на УНИКА АД Скопје .

Осигурителните компании помагаат во управувањето со ризикот на поединци и бизниси. Со пренесување на ризикот на осигурителни компании, бизнисите и поединците можат да се фокусираат на своите основни активности без да се грижат за непредвидени настани како што се пожари, кражби, несреќи и природни катастрофи. Преку осигурувањето, поединците и бизнисите имаат зголемена доверба и сигурност дека можат да се справат со потенцијални загуби. Ова ја подобрува економската стабилност и ја стимулира потрошувачката и инвестициите.

Осигурувањето, вклучително и реосигурувањето, е составен дел на економијата, извршувајќи различни важни функции. Не само што со осигурувањето се обезбедува финансиска сигурност и мир на домаќинствата и бизнисите, тие се витален извор на долгорочен капитал, обезбедувајќи стабилност на финансискиот пазар и целокупната економија. Осигурувањето е неопходен предуслов за многу економски активности кои не би – или не би можеле – да се случат поинаку. Без гаранција за осигурување (и реосигурување), повеќето бизниси не би можеле да работат како што работат денес, а градежните проекти не би можеле да продолжат. Повеќето потрошувачи не би биле сфатени како добри кредито баратели  и не би можеле да позајмуваат пари од банките.

Да заклучиме, осигурувањето не е дополнителен трошок, туку суштинска потреба, инвестиција во генерална благосостојба. Во денешно време, кога несигурноста е секојдневие, осигурувањето претставува разумен и одговорен чекор кон осигурување на стабилна и сигурна иднина за нас и за идните генерации.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за економија вработува, плата до 37.631 денар

Редакција

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

Редакција

(Фото) Вработените на Пивара Скопје добија нови канцеларии, најавени дополнителни инвестиции во производството

Редакција