еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За исто работно место во администрацијата се дава различна плата, открива Државна ревизија

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во новиот ревизорски извештај за платите и додатоци на плати на административните службеници во Македонија, утврдил разлики во висината на платите за исти работни места во различни институции.

Според ДЗР тоа е резултат на различните законски и колективни договори врз основа на кои се утврдува висината на бодот на административните службеници.

-Платите во министерствата се најниски, бидејќи се уредени според Законот за административни службеници, додека во другите институции платите се уредени на начин различен од наведениот закон со што се создаваат разлики во платите за истиот вид на работни места, стои во извештајот во со кој се опфатени платите и додатоците на плати на административните службеници за период од 2021 до 2023 година.

Со ревизијата биле опфатени 14 министерства и 22 институции, меѓу кои и институции каде определени прашања во врска со работниот однос на административните службеници се регулирани со посебни закони.

-Иако Законот за исплата на платите овозможува месечно зголемување до 50% од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, со ревизијата утврдивме дека во период од 2021 до 2023 година и покрај тоа што стапката на трошоците за живот е зголемена од 0,1% до 2,8%, не е извршено месечно зголемување на платите од 50% од остварената стапка на пораст на трошоците на живот во тековниот во однос на претходниот месец, во рамките на обезбедените средства.

Исто така, констатирано е дека иако законската рамка дозволува исплата на додатоци за прекувремена работа и прилагодување кон пазарот на труд, додатокот за прекувремена работа се исплаќа во само 26 од 36 институции, додека додатокот за прилагодување на пазарот на труд не се исплаќа во ниту една институција.

Ова уште повеќе создава разлики висината на платите меѓу административните службеници и упатува на потреба за хармонизација на исплатата на додатоците, како што е предвидено во законската регулатива, стои во извештајот.

Целиот извештај ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ ќе отвори брза лента за Македонците и за Албанците, Европејците ќе си чекаат

Редакција

Палма Мол во Тетово во петок ќе отвори нов ексклузивен дел

Редакција

СЕФФ: Вложување во човечки капитал и дигитализација за поголем економски потенцијал

Редакција