Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше технички министер за внатрешни работи во последната техничка Влада е кандидат за министер за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада
Образование
Роден е во јуни 1982 година.
Според неговата биографија Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје.
Има положено правосуден и адвокатски испит, а работи како адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови.
Политичка кариера
Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, во Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на државата Скопје, а бил и член во неколку комисии и работни тела.
Тошковски е претседател на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ.
„Адвокат на партијата“
Како адвокат тој беше бранител на неколку обвинети функционери и членови на партијата во случаите кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.
Пред судовите застапуваше и други членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во други случаи.
Тој даваше адвокатски и советодавни услуги и на поранешното државно акционерско друштво Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), сега Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), додека таму директот беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Цветан Трипуновски, кандидат за министер за земјоделство
Кој е Тимчо Муцунски, кандидат за министер за надворешни работи
Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии
Фото: МВР