Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа за одлука на Собранието на акционери за определување на надомест на членовите на Надзорниот одбор (НО), според која за позицијата претседател на НО, годишниот надоместок ќе изнесува 20.000 евра.
За позицијата член на Надзорен одбор кој истовремено е претседател на одбор оформен од страна на Надзорниот одбор, годишниот надоместок ќе изнесува 12.000 евра.
За позицијата член на НО годишниот надоместок ќе изнесува 10.000 евра.
Според податоци на официјалната страна на Банката, претседател на НО е Маринис Стратопулос, членови се Христодулос Христодулу, Димитра Гудуфа, Анастасиос Лизос, Јанис Кајулис, а независни членови се Владимир Филиповски и Сашо Ќосев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На членовите на УО на Стопанска банка Скопје лани исплатени 29,7 милиони денари
Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда на приоритетните акции