еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Невреме го оштети патот Штип-Свети Николе, а гром удри во куќа во Неготино

Невремето со пороен дожд и ветер што вчера попладне го зафати Светиниколскиот и Неготинскиот регион направило штета на надвозникот кај селото Кадрифаково, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Од поројниот дожд и големата количина на вода што надојде беше поплавен надвозникот кај селото Кадрифаково, при што на регионалниот пат Штип-Свети Николе има насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок.

Има оштетување на патот од поројната вода, при што имаше направена дупка,“ велат од таму.

Добиена е и пријава за гром, кој удрил во куќа во Неготино, по што на улицата „Пано Калајџиски“ и околината имало прекин на електрична енергија, а предизвикани се и штети на апарати во домаќинствата како последица од громот.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласовите со кои Киро Глигоров стана претседател „научна фантастика“ за Пендаровски и Силјановска

Редакција

(Видео) Братот на Груби купил деловен објект на улицата Македонија вреден половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Медведев ни се потсмева за рекордната цена на гасот

Редакција