еМагазин
Image default
Македонија

Сметката на „Секјуриком“ ќе биде одмрзната за исплата на платите за јули и август

Вработените во „Секјуриком“ ќе ја добијат платата за јули и август. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставиле согласност за одмрзнување на сметка на компанијата.

За „Секјуриком“ беше донесено Решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции и привремено замрзнување на сметки на сопстевникот Волфганг Гампер и поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски за кои е поднесено обвинение за криминал тежок над 10 милиони евра преку тенедери за одржување на просториите на Владата, како и за четири правни лица.

-Следејќи ја состојбата на вработените и грижејќи се за почитување на законските права на работниците на кои неколку месеци не им се исплатени плати и придонеси за нивната работа во правното лице за чиј сопственик е покренато обвинение, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави согласност за одмрзнување на сметка на правното лице, се маведува во соопштението на ОЈО.

Одмрзнувањето на сметката преку која се исплаќаат платите и придонесите за вработените е до износ со кој се покрива нивната исплата за месец јули и август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Милески-Кичеец го пуштиле од затвор оти имал тахикардија и болки во градите

Редакција

Убава вест: Оздравени 372 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Фото) Македонската и црногорската влада ја одржаа првата заедничка седница

Редакција