еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новинарот на Канал 5, Видиновски доби закана од Стојанов од бугарската фондација „Македонија“, ССНМ бара МНР да реагира

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски доби закана за „притвор“ од страна на Бугаринот Виктор Стојанов, претседател на т.н. фондација „Македонија“, откако Видиновски направи репортажа за Македонците во Мала Преспа во Албанија.

На оваа примитивно однесување на Стојанов реагираше Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), кој ги осуди директните закани кон Видиновски и побара од надлежните да постапуваат по очигледна закана по безбедноста на новинарот.

Од таму побараа и од Министерството за надворешни работи (МНР) да реагира до бугарското МНР, бидејќи, како што посочуваат, според договорот за добрососедство двете страни се обврзани да регистрираат и постапуваат по акти со говор на омраза кон другата страна.

„ССНМ смета дека ‘слободата’ секој на свој начин да го толкува новинарскиот труд и да си зема за право да се заканува по социјалните мрежи и во коментарите на објавените вести, па и во лична комуникација, добива на интензитет и затоа, брза и ефективна реакција на соодветните институции е исклучително важна во делот на сузбивање на веќе востановената пракса.

Ваквите форми на притисоци и директни напади врз новинарите и медиумските работници претставуваат и закана за слободното изразување и слободата на медиумите, а лесно може да се претворат во посериозно попречување на работата на новинарите која е од јавен интерес“, стои во реакцијата на ССНМ.

Реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), кое ги осуди директните закани кон Видиновски и од таму побара од надлежните институции да постапат по очигледната закана по безбедноста на новинарот.

„Потенцираме дека ваквите директни закани претставуваат притисок врз слободата на изразување и можат да предизвикаат страв кај новинарите и медиумските работници и да ја загрозат нивната безбедноста преку поттикнување на насилство.

Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години.

Исто така, укажуваме дека овие закани се кривични дела за кои постои позитивна судска пракса и за кои ЗНМ во 2020 година има добиено судски случај пред Основниот кривичен суд за закани кон новинарите објавени на социјалните медиуми„, велат од ЗНМ

Како што е познато Стојанов има забрана за влез во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Виктор Стојанов, кој бара ликвидација на Весна Бендевска

Фото: Фејсбук/Видиновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 9 нови пациенти

Редакција

(Видео) СЗО: Европа сега е „епицентар“ на пандемијата од корона вирусот

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 68 пациенти, а вкупно се лекуваaт 689

Редакција