Поранешниот министер за политички систем и односи меѓу заедниците и прв вицепремиер Артан Груби од ДУИ откако остана без јавна функција ќе предава новинарство на Тетовскиот универзитет, објави Слободен печат.
Бившиот министер за надворешни работи, неговиот сопартиец, Бујар Османи пак се враќа да оперира на Клиниката за дигестивна хирургија, каде му мирувало работното место.
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу од Алијанса на Албанците од крилото на Арбен Таравари, ако не добие нова функција ќе работи во областа на информатички технологии.
Екс министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, пак поднел документи за пензија.
Поранешната вицепремиерка за политики за добро владеење, Славица Грковска од СДСМ се вратила на старото работно место во Министерството за внатрешни работи, а екс министерката за животна средина Каја Шукова од СДСМ останува во Министерството, но на старото работно место – раководител на сектор, објави Слободен печат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа