еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пријатно време уште викендов, од понеделник повторно „пекол“

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=8

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според Управата за хидрометеоролшки работи, следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која од недела насекаде ќе биде над 30 степени.

Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. 

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 43 години: Од Ковид-19 починале 20 лица, 3 се вакцинирани

Редакција

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош, лани 1.992 Македонци добиле бугарско државјанство

Редакција

Штип бележи рекорден број на новозразени со коронавирусот

Редакција