Министерот за здравство Арбен Таравари, ќе направи притисок врз министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, за нови вработувања посебно на Клиниката за онкологија и радиотерапија. На ниво на држава има околу 50 онколози, а Клиниката се соочува со дефицит на кадар, сестри, техничари, доктори.
При денешната посета заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, тој оцени дека во ваква ситуација за сите е тешко, и за пациентите и за кадарот.
„За жал, многу од кадрите си одат надвор, меѓутоа, ме известуваат дека имаме кадар што може веднаш да го активираме. И физичари и технолози и доктори и медицински сестри. Но, нормално, за овој кадар да биде како што треба, ќе треба месеци и години, додаде министерот,“ изјави Таравари.
Тој најави активирање на амбулантите за онкологија во Тетово, Битола и во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје“.