Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ излетал од патот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, при што се повредени патник и возачот, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Автобусот на ЈСП, движејќи се по булеварот излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“.
Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје.
Еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош.
Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај Мавровка, три жени се повредени
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.