Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, по тепачка со сопругот на враќање од Грција, информираа од Министерството за внатрешни работи.
„Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија – Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР – Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото.
Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“, се вели во соопштението на СВР Велес.
Од страна на Итна медицинска помош – Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.