еМагазин
Image default
Свет

Познатиот новинар Џамал Кашоги убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција?

Познатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, кој исчезна пред четири дена, откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул е убиен во конзулатот од тим од петнаесетина саудијци кои неколку дена претходно пристигнале во Турција, соопштиле вчера два турски извори за Ројтерс.

Според информациите, тој наводно е убиен во просториите на конзулатот, а потоа неговото тело е отстрането од зградата.

Турција подготвува докази за исчезнувањето на Кашоги, кој е еден од најпознатите арапски новинари и редовен колумнист во Вашингтон пост.

Кашоги, кој изминатава година живееше во самопрогласен егзил во Вашингтон, плашејќи се од одмазда за неговите критики кон саудиската политика, во вторникот влегол во конзулатот за да обезбеди документи за својот иден брак, вели неговата свршеница, која чекала надвор. Оттогаш не е виден.

Турските и саудиските власти дадоа противречни информации за неговото исчезнување, при што Анкара изјави дека нема докази дека тој го напуштил конзулатот, а Ријад рече дека истиот ден излегол од просториите.

Фото: Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО не може да ја потврди ефикасноста на новиот лек „ремдесивир“ во борбата против корона вирусот

Редакција

Канада стана втора земја во светот која легализира рекреативна употреба на марихуана

Редакција

Речиси милион барања за азил во ЕУ минатата година, Сиријците и Авганистанците најбројни

Редакција