еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Речиси милион барања за азил во ЕУ минатата година, Сиријците и Авганистанците најбројни

Речиси милион луѓе побарале меѓународна заштита во Европската унија (ЕУ) минатата година, што е најголем број барања за азил од бегалската криза во 2015 година.

Агенцијата за азил на ЕУ соопшти дека минатата година биле поднесени 966.000 барања за азил во 27 земји на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, што е за 50 отсто повеќе од 2021 година, пренесува Анадолија.

Тие барања за азил не вклучуваат повеќе од четири милиони украински бегалци кои избегаа во Европа во текот на годината, а на кои им е одобрена привремена заштита во ЕУ.

Европската агенција го поврза зголемувањето на барањата со постојаното ублажување на ограничувањата за патување поради Ковид-19, со загрозеното снабдување со храна и судирите во многу делови од светот.

Иако мнозинството баратели на азил влегуваат во ЕУ легално, главно со авион и со патни визи, некои без дозвола ги поминале и копнените и поморските граници на Унијата, главно преку Западен Балкан и Медитеранот.

По повеќе од една деценија војна и економски колапс во нивната земја, Сиријците се уште се најбројните баратели на азил во Европа со повеќе од 130 илјади барања.

По нив следат Авганистанците кои бегаат од безбедносните, хуманитарните и финансиските проблеми што следеа по преземањето на власта од Талибанците во август 2021 година, со 129.000 барања.

Европската агенција не прецизираше кои земји од ЕУ добиле најмногу барања минатата година, а некои независни истражувања наведуваат дека тоа се Германија, Франција, Шпанија, Австрија и Италија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Се продаваат станови, деловни простории, автомобили…

Редакција

Убава вест: 200 оздравени од Ковид-19

Редакција

Слободен влез во Србија, од утре ги укинува сите ковид-мерки

Редакција