еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тетекс со драстичен пад на добивката

Тетекс АД Тетово во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 7.928 илјади денари, а истиот период лани била 23.230 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги изнесуваат 31.763 илјади денари, и истите се резултат од редовното работење; во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на постоечки залихи на готови производи и материјали.

За тековниот период во финансиските приходи од 22.668 илјади денари, се евидентирани приходите од примени дивиденди; додека минатата година истите изнесуваа 60.281 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 50.966 илјади денари, велат од таму.

Претходната година расходите биле 82.325 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетекс откупи 19.118 сопствени акции

Тетекс со добивка во првиот квартал

За директорот на Тетекс 5% од ланската добивка на компанијата

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

53% од граѓаните се за влез во ЕУ, 55,8% сметаат дека односот на Унијата кон Македонија е нефер

Редакција

Пациент од Англија допатува во Клиника Жан Митрев за замена на колена

Редакција

Комисија ќе го разгледа случајот со нестручно однесување на медицинска сестра кон бебето на Детска клиника, велат оттаму

Редакција