еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата се користела како штаб на СДСМ, тврди Јанушев и ги повика надлежните да истражат

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев јавно го повика Министерството за внатрешни работи, заедно со Јавното обвинителство да влезе во Генералниот секретаријат на Владата и да почне да проверува, како што рече, каков криминал е направен.

Во гостувањето на ТВ Сител, Јанушев покажа слики од депото на Владата од кои, напомена, може да се види дека Владата се користела како штаб на СДСМ.

Покажа и јавен повик за доделување финансиска поддршка, креиран на 1. април 2022 година, кој бил направен како да е од 21. мај 2021 година.

Ова, истакна, е кривично дело и за тоа, рече, некој треба да одговара. Покажа и фотографии од две машини на кои, според него, има сериозни индиции дека се печателе изборните материјали на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанушев: Не постои подарено земјиште, погрешно се внесени податоците во Антикорупциска

Игор Јанушев откри од каде му е подарениот имот

Каков имот пријавил Игор Јанушев, за кого СДСМ бара Обвинителството и ДКСК да испитаат како добил градежно земјиште на подарок вредно 325.000 евра

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска дојави за бомби во училишта во Скопје

Редакција

(Фото) Алкалоид пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,3 милион евра

Редакција

Зголемување од 6,1%: За една недела 2.471 нови случаи на Ковид-19

Редакција