Аутомакедонија АД Скопје во првото полугодие од годинава остварила нето добивка по оданочување во износ од 15 милиони денари, што претставува зголемување на истата за 5% во однос на истиот период лани соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Зголемувањето на нето добивката во 2024 година се должи на зголеменa разлика во цена за 4%, а од друга страна намалени трошоци за оперативно работење за 13% во однос на 2023 година.
Горенаведеното резултира во оперативна добивка од 10 милиони денари, зголемување за 46% во однос на истиот период 2023 година. Финансиските расходи се зголемени за 14%, што резултира со добивка пред оданочување од 15,4 милиони денари, велат од таму
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синот на Светозар Јаневски, Јане, избран за претседател на УО на Аутомакедонија
Аутомакедонија со зголемена добивка во првиот квартал
ЈП Струмица транспорт склучи договор со Аутомакедонија вреден 6,9 милиони евра