На Листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за август има 1.992 должници – правни лица (повеќе за 122 од претходната листа) и 3.842 физички лица (повеќе за 68 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 11.135.849.458 денари, (повеќе за 413.156.963 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.978.593.260 денари, (повеќе за 413.178.579 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 157.256.198 денари (помалку за 21.616 денари од претходната листа).
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.