Уапсено е уште едно лице осомничено за подметнување на шумски пожар, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за 29-годишен маж од прилепското село Канатларци, кој заработи и кривична пријава.
Тој се сомничи дека кај место викано „Корија“ во атарот на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Мажот се сомничи за „предизвикување шумски пожар“, што согласно член 227 од Кривичниот законик, предвидува казна затвор од најмалку осум години доколку настапи пожар од поголеми размери.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.