Во периодот јануари – јуни 2024 година, Гранит АД Скопје остварил консолидирана добивка во износ од 131,724 илјади денари, која споредено со истиот период во 2023 година бележи зголемување за 84%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Вкупната консолидирана сеопфатна добивка изнесува 984,603 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 852,879 илјади денари која произлегува пред се поради значајното зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првата половина на 2024 година (пораст на пазарна цена на акцијата на КБ од 14.200 денари до 21.700 денари во периодот од 01.01-30.06.2024) и курсни разлики од преведување на извештаите на странските друштва.
Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 2,217,722 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 6%.
Приходите од продажба за периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 2,070,310 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат намалување за 8%, пред се како резултат на фактот дека неколку поголеми проекти (Паланка – Деве Баир и мост Љубљанска) на кои работеше Друштвото се завршени до крајот на 2023 година, додека нови проекти се во почетна фаза или во тендерска процедура.
Финансиските приходи за периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат 108,442 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2023 година бележат зголемување за 79%.
Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2024 година се во износ од 2,085,998 илјади денари, споредено со истиот период 2023 година бележат намалување за 9% .
Трошоците за вработени се зголемени за 4% во однос на минатата година, додека останатите трошоци од работењето се зголемени за 29%.
Трошоците за услуги се намалени во однос на претходната година за 23%, велат од таму.
Консолидираните финансиски извештаи за периодот јануари –јуни 2024 година ги опфаќаат работењето на следните друштва вклучени во консолидацијата: ГД Гранит АД Скопје – матично друштво, хотел Гранит ДООЕЛ Охрид – 100% поседуван, Карваш ДООЕЛ Скопје – 100% поседуван, Гранмак Виена гмбх – 100% поседуван, Гранмак експорт-импорт гмбх Германија – 100% поседуван, ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ – 100% поседувана и ГД Гранит Подружница Бања Лука БИХ – 100% поседувана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи уште 500 акции на компанијата
Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи 3.247 обични акции
Гранит со зголемена добивка во првиот квартал