еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Осуди од сите страни за „сочната“ изјава на премиерот Зоран Заев

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар, и да ме извини ЛГБТИ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност“.

Оваа изјава на премиерот Зоран Заев предивика лавина реакции од здруженија на новинарите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, невладините организации…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение побара премиерот да се воздржи од дискредитирање, етикетирање и дискриминирање.

Осудувајќи ја изјавата АВМУ посочи дека таа е проблематична најмалку по три основи.

„Премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност“, укажа АВМУ.

Здружението на новинарите на Македонија, исто така, во реакција  ја осуди изјавата на Заев и повика тој да им се извини на новинарите.

„Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето“, оцени ЗНМ, забележувајќи воедно и дека „непримерниот говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција.

Со осуда и барање од премиерот да се извини излезе и Македонската асоцијација на новинари (МАН), од каде сметаат дека изјавата преставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев се извини на ЛГБТИ заедницата: Зборот „педер“ го употребив за да дадам карактерна особина

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа Влада од власт

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло и во наредните денови, повремено со пороен дожд и грмежи

Редакција

Четворица пациенти со коронавирусот се лекуваат на штипското инфективно одделение

Редакција

Окта и Џонсон Мети единствени компании од Македонија на ранг листата „ЈИЕ Топ 100“ во Југоисточна Европа

Редакција