еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа Влада од власт

„Јас сум човек борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТИ заедницата еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност“, рече премиерот Зоран Заев во однос на шпекулациите околу случајот „Рекет“ и обидите да го инволвираат во случајот.

Тој порача дека дошол на власт благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, правна држава, владеење на правото и нормална земја и оти ќе продлжи да се бори за тие вредности.

Премиерот Зоран Заев изјави дека нема да дозволи индивидуалци ја срушат власта, верува во темелна и брза истрага за случајот  „Рекет“, којашто ќе ги покаже доказите за, како што вели, секој случај, вклучително и за Катица Јанева, Зоран Заев и за кој било. Смета дека сега не е момент за предвремени избори со оглед на очекувањата  за добивање датум за преговори за членство со Европската унија, повторувајќи дека октомври следната година е најидеален термин за избори.

„Верувам во транспарентни, многу прецизни и брзи истраги, посебно за ваквите случаи. Јавно отфрлив секаков вид шпекулации и споменувања со моето име и стојам целосно зад тоа. Оваа политичка гарнитура преку извршната власт создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, да работи непречено без разлика дали некој бил газда на медиум што ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на приемот по повод 18 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Тој дополни дека презумпцијата на невиност треба да се почитува без разлика дали е некој инкриминиран и има индиции за некој што е на висока позиција како што е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Без оглед дали е таа или кој било законот мора да важи еднакво за сите. Затоа повторуваме постојано дека очекуваме темелна истрага, презумпцијата на невиност ни дава обврска на сите да не го квалифицираме никој дека е виновен без докази, но секаде каде ќе се утврдат докази, секој кој  е инволвиран со земање пари што се појавува во тој скандал, секој кој го прекршил законот треба да си одговара“, рече Заев.

Според него, актуелната политичка гарнитура многу одамна испратила порака дека кај неа нема политички калкулации, напоменувајќи дека  и кај кај како како и сите држави коишто создавале услови органите на прогонот да си ја вршат работата процесите не биле лесни, туку трауматични.

„Секаде било трауматично. И кај нас не е лесно и е трауматично, но така ќе бидеме правна држава која што ја посакуваме сите“, рече Заев.

Прашан дали смета дека Јанева го изневерила рече дека: „за него е идиотски настапот засега согласно со досегашните докази“.

„Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој случај, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото“, изјави Заев, посочувајќи дека и народот чека разрешница која што смета дека ќе ја донесе истрагата, а се друго, како што нагласи, е политиканство и политики.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев се извини на ЛГБТИ заедницата: Зборот „педер“ го употребив за да дадам карактерна особина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границите никогаш нема да бидат затворени за лекови, енергенси и за животни намирници

Редакција

Измените на Кривичниот законик пречка за борбата против корупцијата во Македонија, земјата рангирана на 76. место на листата на „Транспаренси интернешнл“

Редакција

Договорот за изградба на коридорите ќе биде доставен до Обвинителството

Редакција