еМагазин
Image default
Техно

Samsung Galaxy Note10+ 5G оценет како телефон со најдобри камери

Новиот Galaxy Note10+ 5G, за прв пат претставен на минатонеделниот Unpacked настан во Њујорк, има најдобра предна и задна камера, како и најдобри резултати од снимање на видеа, според DxOMark, познат сајт кој е специјализиран за рецензија на камери.

За време на тестирањето уредот го освои првото место со својата задна камера со севкупниот резултат од 113 поени, додека ја задржа и шампионската позиција на DxOMark Selfie скалата со предната/селфи камера и освоени 99 поени.

Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ ги користат најсовремените алатки за да се направат неверојани видео снимки и фотографии со врвен квалитет, без потреба од додатна опрема.

Телефоните имаат Live focus видео и Zoom-In микрофон со цел подобрување на визуелните и звучните содржини на видеата, додека новиот Super steady систем ги стабилизира снимките.

Корисниците на Galaxy Note10 можат да ги средуваат своите слики и снимки додека се во движење, без потреба на поврзување со компјутер, а благодарејќи му на S Pen тие можат да го изберат точниот момент кој што сакаат да го исечат. Додатните бенефити вклучуваат Снимање на екран, AR Doodle, 3D скенер и ноќен мод за работа на предната камера.

DxOMark е специјализиран сајт кој работи на проценка на квалитетот и оценување на камери, леќи на камери, како и квалитетот на фотографиите на смартфоните. Уредите поминуваат низ ригорозни тестови, а конечната проценка ја дава тим на инженери кои го тестираат квалитетот на фотографиите и видеата со надеж дека на корисниците ќе им претстават сигурен извештај за перформансите на камерите на смартфоните.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежни и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За додатни информации и вести посетете ја news.samsung.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водење на бизнис во општество базирано на податоци

Редакција

Телеком МК апликацијата подобренa и со нови функционалности

Редакција

Совршено домашно кино – Samsung го претстави тројниот ласерски 4K проектор The Premiere

Редакција