еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега

Судијата Пајазит Пајазити, кој е и заменик на претседателот на Кривичниот суд е во фокусот на јавноста поради тоа што го пушти во куќен притвор поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, кој избега од таму, но и поради тоа што е еден од судиите кој ја прифати спогодбата за поранешниот народен правобранител Иџет Мемети, кој призна дека примил мито, но доби условна казна, а не затворска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата кој Рамадани го пушти во куќен притвор од каде избега

Истиот судија не одреди притвор ни за групата која упадна во Контролната кула на Скопскиот аеродром на почетокот на јануари годинава, предводена од високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Кривичен.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

Вози Опел корса, а пријавил и два кредити, од кои едниот треба да го врати до 2029 година, и е во вредност од 1,5 милион денари.

Другиот според податоците кои ги дал, требало да го врати во 2018 година.

На име на родителите пријавил куќа и плац во Скопје, кои се од наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал поткуп и се спогоди со Обвинителството

Каков имот пријавил Иџет Мемети, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

(Фото) Рамадани, кој избега од домашен притвор во Скопје, е веќе во Косово?

Фото: Фејсбук/Пајазити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се огласи сопругата на Јанакиески: Љубов моја не застанувај, бори се за правдата

Редакција

(Видео) Невидени редици: „Тепачка“ за тестирање за корона вирусот во Србија

Редакција

(Фото) Прелет на американските бомбардери Б-52 над Скопје

Редакција