еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Гаши со семејството патувал со обезбедување на свадба во Косово

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши вчера со семејството патувал со обезбедување во Косово.

Од неговиот Кабинет по објавувањето на информацијата во медиумите, велат дека се било по протокол. Од таму не ја соопштија причната за неговото патување, а во медиумите беше објавено дека бил на свадба.

Порталот Индекс објави и видео:

-Претседателот на Собранието е придружуван од обезбедувањето 24/7, како што е наложено со закон. Овој безбедносен детал функционира строго во законската рамка и ги следи сите протоколи што ги бара државата.

Претседателот на Собранието на 17. август 2024 година, заедно со неговото семејство, отпатува во соседната земја Косово. Оваа посета беше целосно транспарентна и усогласена со сите потребни процедури.

Пред поаѓањето уредно беа известени и Министерството за внатрешни работи и МНР и e доставена сета потребна документација според утврдениот протокол за секое службено лице кое ја напушта државата.

Надлежните органи можат да ја потврдат оваа информација, дека сите постапки се во согласност со одговорностите и обврските на претседателот на Собранието, велат од таму.

Фото: Гаши/Фејсбук/видео: Индекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре

Редакција

Зафир Хаџиманов со поддршка „За“ на референдумот за името

Редакција

(Видео) Западните држави итно да ги заострат санкциите кон Русија и да воведат ембарго на нафта, побара Зеленски

Редакција