еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Муцунски: Одложување на уставните измени и реципроцитет со Бугарија за малцинските права

Одложеното дејство на уставните измени е еден од клучните фактори за нас, изјави министерот на надворешни работи Тимчо Муцунски, во гостувањето во дневникот на ТВ Сител.

„Сметаме дека тоа е рационален пристап, којшто на нас ќе ни даде чувство на сигурност дека нема повторно да имаме билатерализација од страна на Бугарија. Исто така треба да зборуваме и за реципроцитет, не од уставно правна гледна точка, туку за реципроцитет во однос на почитувањето на малцинските права кај нашиот сосед,“ изјави Муцунски.

Тој потсети дека кон Бугарија има 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за права на здружување во форма на здруженија на граѓани на територија на земја којашто е земја-членка на ЕУ и којашто е обврзана со меѓународен договор кои произлегуваат од Советот на Европа.

Муцунски уште еднаш ја повтори политиката на оваа Влада дека потребно да се најде заеднички рационално решение, кое за нас ќе има вградени гаранции дека нема повторно да се соочуваме со вакви предизвици и заеднички да чекориме напред врз основа на принципите на мерит.

Тој подвлече дека техничката влада на Бугарија не може да преземе сериозна политичка одговорност и најави дека по формирањето на таква политичка влада ќе се води проактивен дијалог.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малолетници предизвикале пожар на кров од катна гаража во центарот на Скопје

Редакција

„Македонски Телеком“ ги зголеми приходите и добивката

Редакција

Мицкоски бара слобода за Ламбе Алабаковски

Редакција