еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемен број на случаи со Ковид-19: Комисијата препорача почитување на општите мерки за превенција од респираторни инфекции

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.

„За потсетување вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста. На состанокот, комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа. За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку паиентот има симптоми карактеристични за ковид,“ се вели во соопштението.

Од Комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Боки 13, денеска на Јанева е ред да изврши увид во доказите против неа во случајот „Рекет“

Редакција

Германски ФАЦ: Бугарско-француско лукавство за вето по вето

Редакција

(Табела) Најмногу вакцинирани со една доза во Неготино, Охрид и Кавадарци

Редакција