Драматично расте цената на становите во Штип. Во одредени делови на градот цената за квадрат надмина и 1.200 евра, објави телевизијата Алфа.
Според проценител Глигор Ивановски цената ја дигнале турските студенти, кои студираат таму, а според неговите проценки дури 10% од становите се продадени на странски државјани.
Тие претежно купуваат мали станови, новоизградени.
Според проценителите растот на цената е резултат и на монополската положба што ја имат инвеститорите, но и поради големата заинтересираност за купување.
Според податоци на штипското Даночно одделение во 2022 и 2023 година се продадени повеќе од 650 станови. Нивната вредност се проценува од 20 до 30 милиони евра, објави Алфа.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.