Во Основниот суд во Струга денеска се одложи главната расправа за судскиот процес против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за случајот со набавката на луксузното „Ауди А6„, вредно 67 илјади евра и уште други три автомобили.
Расправата се одложи бидејќи неговата одбрана побара изземање на судијката Надица Митреска, бидејќи биле повредени правата на одбраната во серија, почнувајќи од увидот, како и неприфаќањето на предлогот за застареност на кривичното гонење.
Судењето ќе продолжи откако претседателот на Основен суд Струга ќе се произнесе во врска со барањето на одбраната на Мерко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да има Медицинскиот факултет на Универзитетот на Мерко
Одложено судењето за Мерко, неговата одбрана достави нови докази
Фото: Мерко/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.