Маж од Куманово на возраст од 40 години загинал на патот Битола-Ресен, откако паднал од мотор.
Станува збор за Д.С., а несреќата се случила завчера.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, тој управувал мотоцикл „кавасаки”, изгубил контрола и излетал од патот.
Доктор од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.