еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените на основните производи нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто-профитната маржа до 10%

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто-профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10%, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој најави дека мерката ќе биде краткорочна и во сила еден месец, а праксата на донесување ќе продолжи за новогодишните и други празници.

Со мерката, за која во Влада ќе се дискутира следната недела, ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук…

Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борел бара итно продолжување на дијалогот Белград – Приштина

Редакција

Кој е Зуди Енузи Кока, новиот директор на МЕПСО

Редакција

Филипче сам за Велигден

Редакција