Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на Брисел.
Мицкоски таму заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен.
Ќе оствари и состанок со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како и со генералниот директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Герт Јан Компан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија во Брисел ќе понуди „француски предлог плус“
Орхан Муртезани е новиот главен преговарач на Македонија со ЕУ
Каков имот пријавил Орхан Муртезани, новиот главен преговарач на Македонија со ЕУ
Фото: Влада