еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стопирани вработувањата по етнички клуч, Уставен го „замрзна“ балансерот

Уставниот суд привремено ги стопираше вработувањата по етнички клуч, откако на денешната седница ја прифати иницијативата на Државната комисија за спречување корупција за укинување на оваа алатка позната како балансер.

Вработувањата ќе бидат стопирани додека уставните судии не се произнесат за нивната уставност.

Судиите од етничките заедници, Осман Кадриу, Фатмир Скендер и Насер Ајдари се изјаснија да не се разговара за неа.

Судијката Добрила Кацарска рече дека наместо да се прифати иницијативата, треба да му се предложи на македонското Собрание да ја дорегулира одредбата за правична застапеност.

Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, пак смета дека треба да се формира предмет, но не само да се укине одредбата за правична застапеност, туку да се разгледаат и сите акти каде таа е предвидена. Според него балансерот не е уставен и предизвикува дискриминација при вработувањето, а со слични ставови беа и судијките Ана Павловска-Данева, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска и Татјана Васиќ-Бозаџиева.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нови бајки од Македонија по повод десетгодишнината од Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“

Редакција

Обвинителство: Реакцијата на Рускоска со „гаќите“ е израз на моментално разочарување

Редакција

Поддршка на Мицкоски му даде и Владимир Ѓорчев

Редакција