еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија во ОН гласаше воздржано за Резолуцијата со која се бара од Израел да го прекине незаконското присуство на окупираната палестинска територија

Македонија во Обединетите нации (ОН) гласаше воздржано за Резолуцијата на Генералното собрание со која се бара од Израел да го прекине незаконското присуство на окупираната палестинска територија.

Резолуцијата беше усвоена и доби подршка од 124 земји, 43 беа воздражани, а 12 гласаа против.

Истата ја подготви Палестина, и го поздравува советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од јули, според кое израелската окупација на палестинските територии и населби е незаконска.

Резолуцијата исто така ги повикува државите да „преземат чекори за да го прекинат увозот на какви било производи кои потекнуваат од израелските населби, како и снабдувањето или трансферот на оружје, муниција и поврзана опрема за Израел (…) каде што има разумни основи за се сомневаат дека би можеле да се користат на окупираната палестинска територија“.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за финансиска полиција вработува 27 лица, плата до 47.000 денари

Редакција

Меѓународен ден на жената: Празник посветен на правата на жените и светскиот мир

Редакција

Анкета: Секој трети граѓанин во Македонија нема доверба во ниту еден политичар

Редакција