Лидерот на бугарската ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов побара македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски да поднесе оставка.
Доколку не го стори тоа, тој ги повика претседателот на Бугарија, премиерот, министрите и партиите да ги прекинат разговорите со Македонија.
„Очигледно не треба да се прават пријателски средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, надвор од официјалните. Мислам дека постапија подло со претседателот, со министрите кои се сретнаа со нив.
Еве да земеме дека од скоро се во власта, па можеби не се запознати со протоколарните работи кога станува збор за официјална и неофицијална средба. Но, јазикот што го користат е проблем и е потребно извинување“, изјави Борисов.
Тој додаде дека и лично ќе ја информира Европската народна партија во која членува и партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски зборувајќи за пречекот на македонската претседателка Гордана Сиљановса Давкова кај бугарскиот претседател Румен Радев без македонсо државно знаме за телевизијата Алфа рече дека „очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Борисов/Фејсбук