еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат

Очекувано Бугарија е задоволна од најавата дека Македонија нема повеќе да биде во пакет со Албанија на нејзиниот европски пат и истата ја поздравија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија се одвојува од Македонија на патот за влез во ЕУ, објави „Еуроактив“

Лидерот на една од најголемите бугарски партии, ГЕРБ, Бојко Борисов денеска во бугарскиот Парламент изјави дека Македонија ќе ги трпи последиците од нејзиното однесување.

„Сакам да го уверам бугарскиот народ дека сме многу добро слушнати во ЕК, ЕУ, ЕПП. Така постапуваат европските институции – не се закануваат, не навредуваат, но резултатот е дека Албанија го прифати бугарското малцинство и оди напред, а во Македонија – да трпат последици од нивното однесување и она што го создадоа“, рече меѓудругото тој и подвлече: „Од нас се бара трпение. Не треба да изгледаме агресивни, бидејќи тактиката на нашите колеги во Република Северна Македонија е ние да бидеме виновни“.

Повтори и дека Договорот за добрососедство е услов за понатамошниот европски пат на Македонија.

„Имаме Договор за добрососедство и никој не може да се оддалечи од него. Бугарија никако не го скрши добриот тон – побарана е само оставка, што е нешто многу нормално“, рече тој.

Лидерот на Продолжуваме со промената, Кирил Петков, рече дека времето покажало дека „францускиот предлог“ е многу добар за Бугарија.

„Реално, целата Европска Унија застана на страната на Бугарија, а Република Северна Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во својот Устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен“, рече тој.

Тој изрази надеж дека Македонија ќе ја преиспита својата позиција, бидејќи она што сега се случува е дека Албанија се отцепува и ќе продолжи побрзо.

Слични изјави денеска дадоа и бројни други бугарски политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се изживуваат врз нас и се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, вели Мицкоски за раздвојувањето на Македонија и Албанија на европскиот пат

Македонија ќе почне преговори со ЕУ кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот, порачаа од Европската комисија

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов треба да се донесе одлука за штрајкот во училиштата и градинките, дијалогот продолжува

Редакција

(Галерија) Ирена Ристиќ во интервју за „еМагазин“: Ако си на функција должен си да најдеш решение, а не оправдание

Силвана Жежова

(Видео) Случајот Навални ја тресе светската јавност: Неговата докторка тврди дека е отруен и бара увид во лекувањето

Редакција