За лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, Владата и ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат иднината на земјата во Европската Унија (ЕУ).
Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека не може да има нови нерационални барања од Бугарија, бидејќи, како што вели, ЕУ е гарантот дека преговорите ќе почнат штом се направат уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ВМРО-ДПМНЕ треба да го сфати и да не ја блокира земјата поради тоа. Тоа право го немаат. Очигледно е дека има некаква скриена агенда. Не може едно да зборувате за време на кампања, а друго сега“, рече тој.
Според Филипче, државноста, идентитетот, културата, јазикот, биле гарантирани и со Преспанскиот договор со Грција и со Договорот за добрососедство со Бугарија и се влезени во општиот дел на преговарачката рамка со ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија се одвојува од Македонија на патот за влез во ЕУ, објави „Еуроактив“
За одлуката на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, Албанија да се одвои од Македонија на европскиот пат, Филипче кажа дека таа седнала со Грција и го решила билатералното прашање.
„Албанија седнала со Грција и го решила билатералното прашање. Што направија премиерот и вицепремиерот кај нас? Намерно ги влошија односите со Бугарија со едни несоодветни изјави, за што сега бугарското Собрание носи нова декларација. Сметам дека нема никаква логика. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски немаат право да ѝ го прават ова на државата“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За најавата за едностраното прекинување на преговорите со ЕУ од страна на Мицкоски, рече дека тоа му ја зголемува желбата за интензивно занимавање со политиката.
На новинарска забелешка дека ЕУ ги прекинува преговорите, а не Владата, Филипче рече дека тоа не е точно, бидејќи според него ЕУ со ништо не ги сменила ставовите и барањата.
„Ние имавме услови коишто требаше да ги исполниме. Ги имавме и претходно и тие беа сосем солидно направени услови во рамките на францускиот предлог“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија донесе Декларација со која бара заедничко чествување на историски настани со Македонија
Задоволство во Бугарија оти Македонија ќе се одвои од Албанија на европскиот пат
Фото: СДСМ