Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем, информираа од таму.
АХВ добила известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица дека по извршените лабораториски тестирања било утврдено оти водата не е безбедна за употреба.
Регистрирано било зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.
-На јавното претпријатие му е наложено да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод и да обезбеди питка вода за граѓаните, сè до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем, велат од таму.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.