Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, кој избега од земјава и стана азилант во Унгарија нема да ја одлежи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на фамозниот владин мерцедес.
На 4. октомври поминуваат шест години од правосилната пресуда за Груевски во овој предмет, а според Кривичниот законик, како што објави Призма, застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото.
Во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува два пати по три години.
За истиот случај поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одлежа затворска казна од 4 години, а поранешниот заменик министер Ѓоко Поповски одлежа 4,6 години во затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врховен ја потврди 9-годишната затворска казна на Груевски за „Плацови на Водно“
Груевски, Јанакиески, Пешевски нема да одговараат, застаре и случајот „Траекторија“
Фото: Груевски/Фејсбук