еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрага „Хармонија“ на СЈО: На Балканскиот универзитет му биле продадени парцели по багателна цена

Една од новите истраги на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е наречена „Хармонија“, а во неа се осомничени и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

“Со наредба за спроведување на истражна постапка во случајот „Хармонија“ опфатени се три службени лица, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1.вв со чл.22 и чл.45 од КЗ.

Постои основано сомнение дека во 2012 година осомничените Никола Груевски претседател на Владата на РМ, Миле Јанакиевски како министер за транспорт и врски и Стевчо Јакимовски градоначалник на општина Карпош, со искористување на својата службена положба, како соизвршители, за Приватен Меѓународен Балкански Универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра, на следниов начин:

Од доказите произлегува дека Никола Груевски, поради блиски пријателски врски со лица од Република Турција им помогнал на сопствениците да се стекнат со две градежни парцели на атрактивно земјиште во северниот дел на касарната Илинден, по нереално ниска цена од само 71 денар по м2 ,наспроти предвидената почетна цена од 1400.00 ден по м2.

Имено, Никола Груевски на седница на Владата издејствувал измена на уредбата која се однесува на продажба на државното земјиште, со што била утврдена почетна цена од 61 денар по м2 за јавно наддавање.

Во договор со Никола Груевски, Миле Јанакиевски испратил допис до Стевчо Јакимовски, градоначалник на општината да спроведе постапка за оттуѓување на споменатите парцели по пат електронско наддавање.

Со цел да се минимизира можноста за учество и на други правни субјекти во наддавањето, Никола Груевски предвидел дополнителен посебен услов – учесниците освен акредитација за високо образование, да приложат и несразмерно висока гаранција од 100.000 евра по парцела.

По објавата за јавното наддавање на почетокот на месец мај, Балкански универзитет се пријавува на наддавњето кон крајот на месец мај, но комисијата утврдила и по електрански пат го известила универзитетот дека документацијата не е комплетна и дека не може да учествува.

Во договор меѓу Миле Јанакиевски и Стевчо Јакимовски, градоначалникот некомплетните документи му ги вратил на претставник од Универзитетот, по што употребувајки ја својата службена положба побарал од комисијата повторно да ги прими назад, сега веќе комплетните документи и да му допуштат да учествува на електронската аукција.

На тој начин му овозможил на правниот субјект како единствен учесник на аукцијата да се стекне со две парцели по цена од само 71.00 денар по м2, со што му овозможиле на Универзитетот да се стекне со значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра.

Следната година, во ноември, осомничените Никола Груевски и Миле Јанакиевски повторно на Балкански универзитет му овозможиле противправна имотна корист, во износ од 15.951.237,00 денари односно 259.370 евра, а на штета на буџетите на град Скопје и општина Карпош овозможувајки им незаконски да платат 50 % пониска цена комуналии за изградба на објект на споменатите две парцели“, велат од СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се огласи на Фејсбук за новите истраги на СЈО против него

Штета на буџетот од 80 милиони евра: 6 нови истраги на СЈО, осомничени Ставрески, Османи, Груевски…

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин има три услови за да ја прекине инвазијата во Украина

Редакција

Се истражуваат и други недвижности за случајот „Плацеви на Водно”

Редакција

Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа

Редакција