еМагазин
Image default
Убава приказна

Фризерскиот салон на Мила и Љупка Арсовски еден од најдобрите во Њу Џерси

Познатите македонски стилистки Мила и Љупка Арсовски веќе неколку години живеат во Америка каде што продолжија да го работат бизнисот што го водеа овде. Фризерското студио „Есенс“ продолжи да живее под името „Аме“ во Њу Џерси.

Мила и Љупка многу брзо се истакнаа и го развија својот бизнис благодарејќи на нивната креативност и професионалност во работата.

Оттука и задоволството од клиентите, поради што, нивниот салон беше сврстен помеѓу 35 најдобри во Њу Џерси.

„Клиент сум на Мила веќе 4 години и апсолутно го сакам она што го прави со мојата коса. Никогаш не изгледам исто, по напуштањето на нејзиниот салон. Таа и Љупка се вистински артисти. Бојадисувањето, потстрижувањето и целата услуга се на многу високо ниво.Топло ги препорачувам“, вели задоволна клиентка од нив.

Фото: Марко Георгиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабриката „Кристал“ прослави 100 години од основањето

Редакција

(Видео) „Њу момент“ 30 години ја поттикнува и унапредува македонската креативност

Редакција

Сандра Атанасов: Приказна за еден остварен сон на Македонка во Словенија

Редакција