еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ Убава приказна

Неколку милијарди евра изнесуваат штетите од катастрофалните поплави во Словенија

Штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра, изјави премиерот Роберт Голоб.

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

– Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра, ги изнесе премиерот последните проценки во програмата на јавната телевизија, јави СТА.

Според него, за ефикасна санација ќе биде потребно „да се направи сè и да се струга секаде каде што е можно“ и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство.

Голоб најави дека владата ќе обезбеди пакет помош за директно погодените.

„Сакаме денес да им го покажеме на луѓето решението“, рече синоќа премиерот Голоб, додавајќи дека времето за акција не треба да се брои со месеци и години, туку со денови и недели. Неопходно е да се врати довербата на луѓето во државата и иднината, посочи тој.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците.

Шест лица загинаа од петокот, меѓу кои и двајца холандски државјани.

Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени.

Европската Унија понуди тешки машини и инженерски единици. Словенија, исто така, побара хеликоптери, војници и монтажни мостови од воената алијанса на НАТО. Хрватска и Унгарија помогнаа со хеликоптери, а Германија со тим за цивилна заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донесе одлука за испраќање на 100 македонски војници во Словенија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Огромно влошување“: Ковид-19 го уназади животниот век, стандардот и образованието за пет години, се вели во извештајот на Обединети нации

Редакција

Амбасадите на Македонија и Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев заедно ќе го чествуваат празникот 24-Мај

Редакција

Репрезентацијата го завршува настапот на ЕУРО 2022: Македонија загуби од Црна Гора, останува уште дуелот со Данска

Редакција