еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач

На 88-годишна возраст почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач.

Ренџов работеше во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство и во одреден период беше директор на оваа институција.

Беше член и на Македонскиот ПЕН-центар, како и на Друштвото на писатели на Македонија од 1965 година.

Автор е на дваесетина збирки поезија, меѓу кои: „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013). Го преведе и епот „Гилгамеш“. Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023 година.

Ренџов е добитник на многубројни награди, меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата „Тој“ (1993), „Ацо Шопов “ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), „Рациново признание“ за книгата „Захариј и други раскази“ (2004), „Григор Прличев“ за поемата „Предвесница“ (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата „Јас. Елегии“ (2017).

Во 2022 година го доби орденот „Свети Никола“, што се доделува на заслужни граѓани кои се родени и потекнуваат од Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Болните не мора лично да ги подигнуваат лековите од аптека

Редакција

Топ пет најтргувани акции на Македонската берза

Редакција

(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко

Редакција