еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Труење – можна причина за смртта на мајката и ќерка во Слатино

Од Основното јавно обвинителство денеска информираа дека според првичните сознанија од наредената обдукција на починатата 36-годишната жена од тетовското село Слатино и нејзината четиригодишна ќерка, упатуваат на труење како веројатна причина за нивната смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починатите мајка и ќерка во Слатино биле пронајдени на кревети, немало траги на насилство

-Од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.

Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство, велат од таму.

Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете (девет годишниот син, н.з.), со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив, посочуваат од таму.

Идентична информација споделија и од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во Слатино, таткото ќе биде испрашан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама

Редакција

Убава вест: Оздравени од коронавирусот уште 44 пациенти, вкупно 1.057

Редакција

Убава вест: Оздравени 543 заболени од Ковид-19

Редакција